Газираните диетални сокови предизвикувале дијабет


Диеталните газирани пијалоци го зголемуваат ризикот од дијабетис за дури 60%. Студијата која опфатила повеќе од 66,000 жени, открила дека оние кои повеќе пијат вештачки засладени пијалоци, имаат повеќе шанси да добијат дијабетис, од оние кои пиеле пијалоци со обичен шеќер. Ваквото откритие е објавено во американското списание на клиничкиот нутриционизам, кое вели дека обичните газираните пијалоци се поштетни од диеталните.


Limenka-500x291Откриено е дека оние кои пијат диетални пијалоци, тоа го прават почесто во споредба со оние кои пијат пијалоци со обичен шеќер. Испитаниците кои учествувале во истражувањето се пратени 14 години во периодот од 1993 до 2007 година. Истражувачите од националниот институт за здравје и медицина во Франција утврдиле дека оние кои што пиеле газирани пијалоци имаат повеќе ризик да имаат дијабетис од останатите.

Жените кои пиеле 359 мл каков било газиран пијалок неделно, имале три пати поголема шанса да заболат. Ризикот се зголемил за четири пати кај оние кои пиеле повеќе од 600 мл неделно. Тоа што истражувањето изненадило, е тоа што диеталните газирани пијалоци ноат и поголем ризик од оние кои се со обичен шеќер.
Светската здраствена организација проценува дека во светот 347 милиони луѓе боледуваат од дијабетис, хронични болести кои се последица на недоволно производство на инсулин, хормон кој ја контролира глукозата. Ваквиот тип на болест со време може да го оштети срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите што го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, болести на бубрегот, мозочен удар и слепило.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1