Газираните и засладени пијалоци убиваат 180.000 луѓе годишно


Истражувачи од Харвард спроведоа студија која се однесува на засладените пијалоци и нивната поврзаност со 180,000 смртни случаи на годишно ниво во светот, од кои 25000 се во САД.
„Ние знаеме дека шеќерот во засладените пијалоци е поврзан со дебелината и дека голем број на смртните случаи се предизвикани од болестите од дебелината.

aspartam1Но, до сега никој не ги има поврзано овие две парчиња заедно“, изјави Гитањали Синг, постдокторски соработник на Харвард Школата за јавно здраство во Бостон и главен автор на студијата презентирана на годишниот состанок на Американската асоцијација за срце во Њу Орлеанс.
Синг и неговите колеги поминаа пет години поврзувајќи ги деловите.

Користењето на податоците од националните здраствени истражувања од целиот свет, тимот ги поврза шеќерните засладени пијалоци со 133,000 смртни случаи од дијабетис, 44,000 смртни случаи од кардиоваскуларни болести и 6000 смртни случаи од рак во 2010 година.

Студијата обелоденува дека шеќерот во засладените пијалоци, е натоварен со калории кои носат многу малку ранлива вредност, а општо познати се по тоа што му штетат на здравјето.
„Мислам дека нашите наоди треба да се земат во предвид и да се направи ефикасна политика за намалување на засладените пијалоци, поради тоа што истите предизвикуваат значителен број на смртни случаи“, изјави Синг.

Limenka-500x291Американското здружение за пијалоци ја критикуваше ваквата студија, која допрва треба да ги објави во рецензирано списание, нарекувајќа ја повеќе како сензационалистичка отколку наука.
„Тоа не покажува дека конзумирањето на шеќерот во засладените пијалоци ги предизвикува хроничните болести како дијабетис, кардиоваскуларните болести или рак – вистинските причини за смртта кај испитуваните субјекти“, вели индустриското здружение за пијалоци.

„Истражувачите направиле огромен скок во пресметките од целиот свет и тврдат дека тие пијалоци се причина за смртните случаи, а и самите автори признаваат дека истите се должат на хронична болест.
Студијата доаѓа една недела откако судија го блокираше предлогот на градоначалникот на Њујорк Сити, Мајкл Блумберг, за огромното количество на газирани пијалоци во градот и еден ден откако гувернерот на Мисисипи Фил Брајант, го потпиша законот за спречување на општините да го ограничуваат количеството на сода и сол во пијалоците.

ap_sugary_drinks_nt_130319_wblog„Тоа едноставно не е улогата на владата да ги мирко-регулира граѓаните“, изјавил Брајант во соопштението до јавноста. Одговорноста за личното здравје зависи од индивидуалниот избор за правилна исхрана и соодвента вежба“, се дополнува во соопштението.

Но, некои експерти велат дека доказите кои се базирани на политика би можеле да ја запрат потрошувачката на содата и да спасат енормен број на животи. Доктор Дариуш Мозафариан, висок автор на новата студија, изјави дека планира да студира на ефектите од засладените пијалоци и да го регулира и оданочувањето на здравјето и трошоците за здраствената заштита.

„Мислам дека тоа е еден вид на информција која што им е потребна на креаторите на политиките“, вели Мозафариан, кој е епидемиолог во Харвард школата за јавно здраство.
Во меѓувреме, Американците можат да ги преземат самостојно на своја рака чекорите, за да си го подобрат здравјето, како што е на пример да намалат да ги конзумираат засладените пијалоци.
Тоа е прилично застрашувачки да се види пораст на хронични болести, како резултат на тоа што се повеќе луѓе конзумираат засладени пијалоци.

Нешто слична е ситуацијата и со ракот на белите дробови, кој е во постојан пораст, како се повеќе луѓе пушат цигари.

Газираните диетални сокови предизвикувале дијабет
Газирани пијалоци – еве што се ви прават!!
Видео: Слатка мизерија – затруен свет! Вака започна труењето на луѓето ширум светот!

 

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1