Газираните сокови со ист ефект за забите како и дрогата


Честото конзумирање на газирани пијалоци може да предизвика тешко оштетување на забите исто како и метамфетамин или крек кокаин, сугерира ново испитување.
Истражувањето кое е објавено во списанието за општа стоматологија откри дека постојаната изложеност на лимонска и фосфорна киселина без редовна стоматолошка хигиена е погубна за забите на редовните конзумирачи на газирани сокови!

dietcoke26n-1-web“Доколку се споредат забите на зависниците на мет, крек и на газирани сокови, лесно може да се примети дека оштетувањето е екстремно слично” вели Др. Мохамед Басиони, професор по ресторативна стоматологија при Факултетот за стоматологија во Филаделфија.

Жената чии заби биле земени за компарација, признала дека редовно кознумирала 2 литри газиран сок во рок од 3-5 години. Исто така истакнала дека не посетувала стоматолог 20 год.

Здружението на компани на газирани пијалоци го нападнале истражувањето, трвдејќи дека споредбата на газирани сокови со тешките дроги е “неодговорно”!

gazirani pijaloci zabi

Покрај горе наведените штетни состојки, во газираните сокови има и големо количество на шеќер, кој е обработен и е со друга хемиска номенклатура од природниот шеќер, а човековото тело има тенденција да го складира во масни наслаги.

365

sokovi i sekjer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1