Газпром: Можен прекин на испорака на гас поради Украина


Руската компанија „Газпром“ соопшти дека поради политичката состојба во Украина постои можност да ја прекине испораката на гас на купувачите од Европа.

gasПолитичките тензии во Украина можат да предизвикааат прекин во испораката на гас на Европа, нагласуваат од компанијата и додаваат дека ќе направат се што е потребно да се намали извозниот ризик.

Финансискиот директор на „Газпром“, Андреј Круглов изјави дека Русија наспроти тоа што Киев не ги исполни обврските за плаќање на долгот, за сега на Украина и испорачува гас во рамките на постоечките договори.

Кон крајот на јануари, Украина побара од Русија да и ја одложи исплатата на долгот за гасот за 2013 година, а кој според изјавите на рускиот претседател Владимир Путин изнесува 2,7 милијарди долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1