ГДОМ е зад иницијативата за собири во 23 града за поддршка на полицијата


Граѓанското движење за одбрана на Македонија соопшти дека стои зад иницијативата за организирање голем народен собир за поддршка на полицијата.

Во комуникација и на барање на голем број граѓани кои сакаат да ја изразат својата поддршка, се решивме да организираме собири за поддршка во 23 градови во државата. Ги повикуваме сите граѓани, стари и млади и од сите националности, денеска во 19 часот, заеднички и сплотено да ја изразиме нашата поддршка и почит на македонската полиција, да се заблагодариме за нивниот патриотизам, професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и обезбедување на соживот, се наведува во соопштението.

specijalna edinica

Собирите ќе започнат во 19 часот на плоштадите во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Ресен, и во Скопје на три локации – во Општина Кисела Вода (месност кај Злате, Општина Гази Баба (плоштад Филип Втори) и Општина Ѓорче Петров (плоштад Делфина-Порта Влае).

Од ГДОМ истакнуваат дека собирите ќе бидат мирни, мирољубиви и дека нема да биде потребно дополнително ангажирање на полицијата, бидејќи, како што велат, никако намерата не е нејзино дефокусирање, туку напротив наша благодарност за нивното несебично залагање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1