Генералниoт директор на BBC даде оставка по секс скандалот со водителите


Генералниот директор на Би Би Си, Џорџ Ентвисл поднесе оставка, само два месеца по стапувањето на должноста, откако не успеа да се справи со скандалот за сексуалните злоупотреби на деца, што го фрли во хаос медиумот што 90 години се финансира од државата, јави Миа.


Ентвисл беше исправен пред сериозни критики откако конкурентски медиум минатиот месец упати обвинение дека еден од најпознатите водители на Би Би Си, покојниот Џими Савил, е меѓу извршителите со најмногу сексуални злоупотреби во Велика Британија.

Критиките се засилија откако Би Би Си емитуваше телевизиски материјал, во кој поранешен британски политичар беше погрешно обвинет за сексуални злоупотреби со деца.

Во петокот телевизијата се извини за грешката.
-Одлучив дека најчесното нешто што можам да го направам е да поднесам оставка од функцијата генерален директор, изјави Ентвисл.


Аферата предизвика криза во Би Би Си. Британската јавна радиотелевизиска корпорација беше обвинета дека го прикривала Џими Савил.

Британската полиција ги истражува тврдењата дека Савил, кој водеше детски емисии на Би Би Си, во континуитет, цели шест децении, извршувал сексуални злоставувања над жени, меѓу кои и девојче на возраст од околу 12 години, и тоа во просториите на британската радиотелевизиска компанија.
Полицијата сооошти дека открила околу 300 потенцијални жртви.

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1