Како да водите љубов во текот на бременоста?


Многу мажи сметаат дека, откако нивната партнерка ќе забремени, водењето љубов треба да престане и ги очекуваат долги месеци на суво. Всушност воопшто не е кажано дека е забрането, напротив. Ако и двајцата имате желба, нема причина зошто да не можете да бидете интимни, па дури и во доста напредната бременост.

Треба да имате на ум дека, сепак, одредени пози, како мисионерската пример, чисто технички нема да бидат можни, бидејќи не е добро да приложувате притисок на стомакот и, откако таму кротко си седи мал човек. Овој мал проблем ќе се надмине лесно, потребно е само фантазија. Еве неколку предлози:

Лажичка – тоа е поза првенствено наменета за гушкање, но како ништо може да ја претворите во сексуално искуство. Таа мора да се стави на една страна и нежно да го преклопите телото како заграда, на овој начин не се врши притисок врз стомакот.

Таа одозгора – Оваа поза е одлична, бидејќи во неа дамата сама ја контролира длабочината на пенетрацијата. Позата е идеална за време на целата бременост.

Лице во лице, странично – Имајте на ум дека оваа поза може да биде заморна за неа, особено во доцната бременост.

“На четири нозе” – Идејата е таа да застане на креветот потпирајќи се на колена и дланки со лицето надолу, без да и тежи стомакот. Така нема никаков притисок врз стомакот. Ако стомакот е навистина голем позата може и да не функционира.

Покрај овие пози можете да експериментирате со сето она што не го притиска стомакот и ви е пријатно на обајцата. Не заборавајте и тоа дека е широко распространето тврдењето дека еден маж е најсилно привлечен кон жена си, кога таа е бремена, па не грижете се и ако двајцата го сакате, уживајте во водењето љубов.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1