Семејствата на бугарските туристи кои загинаа во Охрид бараат 5 милиони евра отштета


15 семејства на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа во Охрид, поднеле тужба против две компании, пишуваат бугарските медиуми.

Тие во граѓанска тужба побаруваат 5 милиони евра (10, 5 милиони лева) тужени се осигурителните компании “Алијанс Ферзихерунг” и “Германишер Лојд”. А поднесена е и тужба за материјалните штети за сума од околу 35 илјади евра.

Тужбата е поднесена во Софискиот окружен суд.

Несреќата на бродот Илинден се случи во 2009 година, поради пукање на челичната сајла. На бродот имаше 50 туристи, главно од Бугарија. Петнаесет патници се удавија. Досега роднините добија по 4 500 евра за претрпените стравови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1