Вчера беа врачени наградите Оскар, по 87-и пат во историјата на Академијата.
Нема актер кој не ја посакува оваа награда во својата колекција, па затоа денеска се осврнуваме на оние кои се уште се надеваат дека ќе ја добијат.
Некои од нив дури и немале номинација…
Том Круз
Ѕвездата има две номинации за најдобар актер – во 1989 за филмот „Роден на 4 јули“ и во 1996 година за Jerry Maguire. Има и една номинација за споредна улога за „Магнолија“ во 1999 година, но никогаш не победи.
Леонардо ди Каприо
Дикаприо бил многу блиску до златната статуетка, а според многумина ќе ја добие – порано или подоцна. Еве и статистиката: има 5 номинации – „Авијатичарот“ (2005), „Крвав дијамант“ (2007), „Волкот од Волстрит“ (2014). Има номинација за споредна улога за „Зошто тагува Гилберт Грејп“ (1994) и како продуцент на „Волкот од Волстрит”.
Џон Траволта
Тој имаше номинации за „Треска во сабота навечер“ (1977) и „Евтини приказни“ (1994).
Џони Деп има три номинации за најдобар актер – за Пиратите од Карибите (2003), Finding Neverland (2004) и Свини Тод (2007).
Џејмс Дин Тој има две номинации постхумно, во 1955 и 1956 година, но не победи.
Харисон Форд Има само една номинација – за Witness (1985).
Мишел Фајфер, Бред Пит, Роберт Дауни Џуниор, Вил Смит, Џон Малкович, Семјуел Џексон, Едвард Нортон, Хју Џекмен
Ричард Гир, Џим Кери, Хју Грант, Мег Рајан, Мерилин Монро, Изабела Роселини, Кијану Ривс