Кристијан Греј од ,,50 нијанси сиво,, навистина постои – еве кој бил инспирација за филмот


Најголемата навала во кино-салите овие недели е поради филмот „50 нијанси сива“, кој е екранизација на истоимената книга.
Авторката на романот, Е. Л. Џејмс заработила цело богатство во последните неколку години на авантурите на прочуениот Кристијан Греј.

Таа во една прилика открила и кој бил главна инспирација за ликот на Кристијан Греј, признавајќи дека нејзиниот сопруг е заслужен за создавањето на заводникот од книгата.50-nijansi-muz-2

Нејзиниот сопруг Нијал Леонард, гостувајќи во емисијата „Тудеј шоу“ (Today Show) малку засрамен рекол дека мисли дека неговата сопруга „само се шегувала кога тоа го рекла“, не сакајќи да коментира дали има сличности помеѓу него во приватниот живот и Кристијан.

Погледнете ги фотографиите од авторката на популарната книга и нејзиниот сопруг, па самите процените дали тој може да му парира на Џејми Дорнан, кој ја толкува главната машка улога во филмот.50-nijansi-muz

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1