Американскиот математичар Џон Неш и неговата сопруга Алисија загина во сообраќајна несреќа во саботата.
Неш (86), чиј живот беше инспирација за филмот „Прекрасен ум“, заедно со својата сопруга Алисија (82) се наоѓале во такси кое во саботата учествувало во трагична несреќа. Од јачината на ударот сопружниците излетала од возилото, а починале на лице место, соопшти полицијата.
Неш беше математичар познат по работата на полињата на теорија на игра, диференцијална геометрија, алгебра и парцијални диференцијални раенки, но и работата на моделот на случајност, каде се бара општа примена во системот на секојдневниот живот.
Неговите теории денеска се користат во маркетиншката економија, еволуционата биологија, сметководство, во областа на вештачка интелигенција и во воени организации.
За својот придонес во 1994 година Неш ја освои Нобеловата награда за економија, а филмот „Прекрасен ум“ за неговиот живот е снимен во 2001 година, со Расел Кроу во главна улога. Филмот беше награден со Оскар.