Протест во Истанбул: Бараат Аја Софија да биде џамија


Стоици луѓе учествуваа на митинг во неделата во Истанбул на кој бараа една од најголемите знаменитостите на турската метропола да биде претворена во џамија.

aja sofija

Демонстрантите се собраа во близина на древниот храм „Аја Софија“, во историската област Султанахмет во Истанбул, пренесува агенцијата Anadulu. Тие носеле плакати со натпис „Храмот Света Софија треба да биде повторно отворен како џамија“, како и со исламистички пароли, како „Нашите животи нека бидат жртвувани за исламот“, и со слики на поранешниот исламистички претседател на Египет, Мохамед Морси, кој е осуден на смртна казна, што минатата седмица беше остро критикувано и од турскиот претседател Реџеп Тајимп Ердоган.

Митингот минал мирно, а бил во организација на неколку невладини организации во Турција, вклучително и Фондацијата за хуманитарна помош (IHH), којашто има свои активисти и во Македонија.

Некои крајно конзервативни политички партии и општествени исламистички движења во Турција, ја заговараат замислат храмот кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО како дел од Светското културно наследство, да биде претворена во џамија. Сепак, на највисоко ниво, засега овие иницијативи не се поддржани.Aja-Sofija-2

Турските медиуми последните години истакнуваа дека со јакнењето на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), којашто има исламско-конзервативни основи а на власт дојде во 2002 година, сé погласни се повиците Света Софија да биде претворена во џамија, што би подразбирало и прекривање на фрагментите од древните фрески.

Турскиот вицепремиер Билент Аринч во ноември 2013 година предизвика жестоки реакции, кога изјави дека се надева оти ќе биде сменет статутот на Аја Софија, велејќи дека изгледа „тажно“, но се надева оти „наскоро повторно ќе се насмее“. Грција остро реагираше тогаш, оценувајќи дека таквите изјави претставуваат „навреда на верските чувства на милионите христијани“.

Главната христијанска светија во турската метропола соборниот храм Света Софија (Црквата на светата Мудрост) своевремено најголемиот храм во христијанскиот свет, е изградена во 537 година, а работите на неа се започнати во 532 година, во периодот од 1204 до 1261 година била претворена во католичка црква во текот на крстоносните војни, а потоа повторно седиште на Цариградската патријаршија, за по османлиското освојување на Мехмед Втори на Цариград во 1453 година да е претворена во џамија па потоа во музеј во 1935 година во времето на основачот на современа секуларна Турција, Мустафа Кемал Ататурк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1