Германија бара илјадници работници – еве кој може да конкурира


Во Германија во првото тромесечје од 2016. година има непополнети речиси милион работни места, поради што сеуште владее голема побарувачка за квалификувана работна сила, јавува Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).

– Во првото тромесечје на 2016. година ширум Германија 974.000 работни места биле непополнети, што е за 26.000 повеќе отколку во истиот период минатата година, соопшти ИАБ, а пренесува Индекс. хр.german

При тоа на западот на Германија непополнети се 756.000, а на истокот 218.000 работни места.

Работодавачите и понатаму најмногу бараат квалификувана работна сила. Најбарани сектори и понатаму се медицинскиот и ИТ секторот и градежниот сектор.

Од испитувањата кои ИАБ редовно ги спроведува меѓу германските работодавци, видливо е дека бројот на работни места кои итно треба да се пополнат опаднал, но долгорочниот интерес и понатаму постои.

– Тоа говори во прилог на тезата дека состојбата донекаде се смирила, но побарувачката и натаму е голема, соопшти ИАБ.

Еден дел од потребите за стручен кадар се покрива со населување, првенствено од земјите членки на Европската Унија.

Само за пример, од Хрватска во 2015. година во Германија се иселиле повеќе од 50.000 граѓани.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1