Германски градоначалник избоден со нож


Градоначалникот на германскиот град Алтена, Андреас Холштајн, е тешко повреден кога синоќа пијан маж го нападнал со нож и го прободел во вратот, пренесуваат германски медиуми.

Очевидец на инцидентот рекол дека напаѓачот му пришол на градоначалникот и го избодел во вратот со нож, долг 30 сантиметри, викајќи против азилантската политика за која Андреас Холштајн се залагал.

Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство, соопшти државното обвинителство. Холштајн е познат по големата либерална политика кон мигрантите, а градот Алтена прифати поголем број бегалци отколку што им е пропишано.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека е шокирана од нападот и дека многу веројатно е дека се работи за политички монтиран напад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1