Полицијата во Германија соопшти дека локалниот водач на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) Франк Магниц бил нападнат и тешко повреден од страна на неколку лица во северозападниот град Бремен,
Полицијата од тој град соопшти дека верува дека нападот врз Магниц, кој се случил синоќа, бил политички мотивиран и повика сведоци да се јават да дадат исказ за случајот.
Партијата АфД утрово соопшти дека станува збор за обид за убиство. Магниц упаднал во заседа на тројца маскирани мажи, па паднал во несвест откако бил претепан со парче дрво, а потоа удрен и во глава. Сега е во болнциа.
За разлика до овие штури коментари, од објавата на Твитер се гледа дека напаѓачите Магниц речиси го убиле од ќотек.
Бил полумртов кога престанале да го тепаат.
Бремен, најмалата германска држава, има закажано избори на 26 мај, истиот ден кога се закажани избори за Европскиот Парламент, на кои АфД планира да победи.