Крадец се обидел да ја ограби ММА ѕвездата Вијана – Му сменила личен опис, ја молел да викне полиција


Изминатиов викенд околу 2 часот по полноќ крадец се обидел да и го земе телефонот на Полјана Вијана која се натпреварува во сламака категорија на УФЦ. Крадецот не успеал да и го земе телефонот, ама затоа добил лекција што ќе ја памети цел живот.

„Чекав за Убер пред мојот блок во Рио де Жанеиро и кон мене се приближи маж кој седна до мене и ме праша за часот. Видов дека нема да си замине и го ставив телефонот во џебот, а тој ми се закани и рече дека е вооружен и треба да му го дадам телефон. Го извади пиштолот, но ми се виде прелесен, за да биде вистински.

Малку подоцна Вијана (10-2 MMA, 1-1 УФЦ) се разбира дека тоа воопшто не е вистински пиштол, туку е направен од картон. Таа била сама со него, но подоцна поминале други луѓе и ги замолила да се јават во полиција, а му ја свиткала раката на крадецот во стил на кимура. Полицијата дошла и го однела во ургентното одделение за да го прегледаат, а таа отишла со нив за да поднесе жалба. Вијана разбрала дека токму истиот човек бил ослободен од притвор за други престапи.

„Бев добро и не ми беше страв, затоа што откако му ги зададов ударите тој се исплаши и повеќе не реагираше. Тој ме замоли да го пуштам, но јас го откажав и му реков дека ќе се јавам на полицијата. Откако виде дека нема да го пуштам тој сам почна да моли за полиција, зашто беше уплашен да не го претепам уште повеќе.

Ова не е првата таква случка на Вијана, истакнувајќи дека пред неколку години двајца мажи се обиделе да ја ограбат во Белен, но таа повторно успеала да се извлече од тешката ситуација благодарение на своите тупаници. Вијана беше во серија од 6 последователни победи, но во август загуби од Ј.Ј. Олдрич.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1