Жената во критична состојба е префрлена во БолницаЈа полил сопругата со бензин и ја запалил. 50 годишниот Драган С. од гевгелиското село Миравци, попладнево околу 14:30 по расправија ја полил својата сопруга, 43 годишната Жаклина со бензин и ја запалил, дознава Press24 од полициски извори.
Со возило на итна медицинска помош, жената веднаш била префрлена во Медицинскиот центар во Гевгелија каде лекарите се уште се борат за нејзиниот живот.
Информацијата ја потврдија и од полицијата од каде најавуваат соодветна постапка.
Прес24