Ги бараат преку интерпол – овие тинејџерки заминале во „Света војна“ во Сирија


Интерпол бара две тинејџерки од Австрија, 15-годишната Сабина Селимовиќ и 16-годишната Самра Кесиновиќ. Девојките исчезнале на 10. април, а медиумите во Австрија и Германија пишуваат дека заминале во Сирија, како “божји воини” да им се приклучат на фанатиците.

sabina-samraЗа сега било само потврдено дека девојките на ист ден со авион заминале во Истанбул. Таму им се губи секаква трага.

Девојките се родени во Австрија, а нивните родители по потекло се Босанци.

Наводно девојките оставиле писмо во кое пишувало: “На вистински пат сме. Одиме во Сирија, ќе се бориме за Исламот. Повторно ќе се сретнеме во рајот”.

Се појавиле и информации дека во меѓувреме се омажиле за своите избраници и живеат во тренинг камп, помеѓу верски фанатици.

“Тие не ги напишале тие пораки, тоа го напишал некој друг”, изјавил вујкото на Сабина, додека нејзиниот татко ги повикал сите да му помогнат да ја пронајде својата ќерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1