Анита Н. (41) е осудена на доживотна казна затвор за убиство на своите две ќерки од 7 и 10 години.
Со убиството на децата сакала да го казни сопругот со кој имала лоши односи. Во образложението на пресудата се наведува дека мајката злосторството го направила со полна свест за последиците поради што судот донел максимална казна без олеснителни околности.
Oд Србија во Германија се преселила кога имала 13 години а во 2004 година се омажила за Германец и се посветила на семејството. Таа се фокусирала на семејството затоа што нејзините родители биле српски гастербајтери кои никогаш не и посветувале доволно внимание. Со тоа, таа се изолирала од социјалниот живот поради што односот со сопругот и станал тотално нарушен.
Во 2010 таа сакала да се разведе и да се пресели во Србија, но сопругот не и дозволил затоа што не сакал да се раздели од ќерките. Знаејќи дека нема шанси да го добие старателството, фрустрирана и со лош брак, нејзината состојба преминала во психичко растројство, шизоидно-параноичнопореметување. Кога останала сама со децата, прво ги издрогирала, ги избола со нож и ги пуштила да искрварат. Се обидела да се самоубие, но не успеала.