Српското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда донесе голем инцидент на јужната трибина на стадионот на „Хумска“, каде вообичаено се најжестоките навивачи на „црно-белите“.
Медиумите пренесуваат дека се работи за тепачка во која настрадале и членовит на една фракција на „Гробарите“, а колку сериозна била ситуацијата покажува што дел од фановите биле спасувани од специјалната полиција.
Наводно, група навивачи на Црвена Ѕвезда кои биле околу 30 – 50, дошле на јужна трибина каде биле „Гробарите“, а метежот настанал кога почнале да го кинат нивниот транспарент.
Навивачите на Партизан не им останале должни и повеќето од нив до гола кожа ги соблеке и ги гореле со бакљи.