Момчило Петковиќ (17) и Анџела Стојанев (13) за кои полицијата со денови трагаше, пронајдени се во Бугарија. Момчило и Анџела кој беа пријавени за исчезнати на 25 септември, а биле пронајдени во еден камп за бегалци во Софија.
Седумнаесет годишното момче од Ниш Момчило Петковиќ и тринаесет годишната Анџела Стојанев, со која е во љубовна врска, во петокот заедно побегнаа од дома, затоа што родителите се противеле на нивната љубовна врска, потврди таткото на девојчето.
Како што дознаваме децата тој ден отишле на училиште, но не стигнале на правото место. Со автостоп заминале за Књежевац.
Децата се наоѓале во кампот за бегалците од Иран, а првиот потег кон враќање дома го направил Момчило, кој се јавил кај неговиот татко и кажал каде е.Таткото веднаш ја информирал српската полиција за локацијата на младиот, „љубовен“ пар, а тие своите колеги од Бугарија.
Родителите на децата во моментов се во Бугарија, каде очекуваат со помош на полицијата да си ги вратат дома своите деца.