Паника од Руската армија: Над 600 членови на ИД ја напуштиле терористичката организација


Откако руските сили почнаа со напади врз позиции на Исламска држава во Сирија, над 600 припадници на терористичката организација ги напуштиле позициите и се обидуваат да стигнат во Европа, изјави претставник на рускиот Генералштаб, јави Тасс.

Ударите на руската авијација предизвикале паника меѓу терористите од ИД, додаде тој.sirija-ruski-vazdusni-udari-foto-printscreenreuters-1443694210-752191-685x320

Во изминатите три дена руски воени авиони извршиле над 60 летови во кои уништиле над 50 објекти од инфраструктурата на Исламска држава.

– За три дена успеавме да уништиме материјално техничка база на терористите и со тоа да се намали нивниот воен потенцијал, изјави генерал полковник Андреј Картаплов, началник на Главната оперативна управа на ГШ на руската армија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1