Ги нема во собрание, а на пратениците од СДСМ им тече платата


Партијата на Зоран Заев и по пет дена не се изјаснува дали нејзините пратеници само нема да се појавуваат на седници на Собранието или ќе поднесат оставки. Додека СДСМ тактизира, на избраните пратеници, кои не се во собраниските клупи, во согласност со Законот за пратениците, им тече стаж, но им се пресметува и плата.

sobranie vnatre3Изборниот законик точно ја дефинира процедурата за тоа кој може да поднесе листа на кандидати за пратеници и како таа се составува. Притоа јасно е дефинирано што треба партиите да достават заедно со списокот на имиња и презимиња, со кои сакаат да се излезат на парламентарни избори. Меѓу другото, заедно со листата, секој од кандидатите за пратеници лично пополнува и своерачно потпишува изјава за прифаќање на кандидатура.

Мандатот на пратеникот може да престане по негова волја само со оставка. Пратениците може и да не седнат во собраниските столчиња, но и понатаму да бидат народни избраници, со тоа што ќе донесат политичка одлука за неучество, т.е. бојкот како што досега и неколку пати било практикувано од СДСМ.

Од партијата на Заев с` уште тактизираат што точно ќе се случува со верификуваните пратенички мандати, односно дали и понатаму ќе се повикуваат на своите нотарски изјави за неприфаќање на мандатот, што правно е невалидно, па во тој случај ќе треба да поминат шест месеци за да се констатира нивното неприсуство на седници или ќе останат на ставот за бојкот со поднесување оставки на сите кандидати од листите на СДСМ во Собранието, со што би се предизвикале нови избори само за 34 испразнети пратенички места.

народниот избраник, чиј мандат е верификуван, му тече стаж, му се плаќаат придонеси, но и му се исплатува плата (во нето-износ од приближно 90.000 денари). Поради честите бојкоти во Собранието токму од страна на СДСМ, пред две години беше изменет Законот за пратениците, со што на пратениците што јавно ќе дадат изјава дека нема да учествуваат во работата на парламентот ќе им се исплатува само една третина од платата што им следува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1