Една е мајка: Соња поминува километри за да нахрани 3 болни деца


Само една е мајка. Ова е мислата што му паѓа на ум на човек кога ќе ја види битолчанката Соња Јашарова како секојдневно се бори за опстанок на своето семејство. Судбината ~ дала три болни деца, кои денес се на тинејџерска возраст. Едното боледува од церебрална парализа, другото е со посебни потреби, а третото со оперирано дебело црево. И сопругот е со нарушено здравје, па грижата за семејството целосно паѓа врз нејзиниот грб пишува Дневник.

61373E0CCDEDCD4EA07D0EF9D7454A41Од домашните обврски Соња не успеала да најде нормална работа. Соочена со сиромаштијата, неуморно секој ден, и на дожд и на сонце, минува по неколку километри за да стигне до старскиот дом „Сју Рајдер“ и на други места каде што ~ даваат храна што останала за да ги прехрани четирите гладни усти дома.

– Секој ден водам битка за парче лепче повеќе. По патиштата сум од утро до мрак. Прво одам во „Сју Рајдер“ по храна, ако нема, одам да им се помолам на други хумани луѓе, па итам да ја донесам храната дома за четворица мажи. Ми помагаат и од црквата „Света Тројца“. Јас не мислам на моето здравје, на уморот, само за нив да има храна и да им е подобро – вели Јашарова.

Дневник

Детето со целебрална парализа пеш го носеше со години во дневниот центар. Денес, иако е тинејџер с`уште користи пелени, а таа го преслекува секој ден и се грижи за неговата хигиена. Но, како што вели, хигиената тешко се одржува во евтини бараки, каде што со години живеат под кирија.

– Под кирија живееме 22 години во многу лоши услови. Последно време сме во една соба. Мириса на мувла, чешмата е надвор, секој ден перам на рака во дворот. Преживуваме од социјална помош 2.500 денари и додаток за туѓа нега од 4.360. Не стигаат, каде за пелени, апчиња, киријата – вели Соња.

Државата им ја исправи неправдата

Сепак, семејството Јашарови деновиве ги огреа среќа. Од државата неодамна добија социјален стан од 45 квадрати. Со тоа се исправи неправдата што пред седум години им беше направена – кога Министерството за труд и социјална политика, како на социјално загрозено семејство, им додели куќа со спорна сопственост. Тогаш семејството успеа само да го исцелива прагот, но не и да се всели, бидејќи во објектот имаше други станари и за него се водеше судски спор.

– По 22 години минати во туѓи куќи, првпат добивме сигурен покрив над главата, стан со електрична енергија, вода и светли простории, кои се одлична замена за полутемните во кои пораснаа децата – вели Јашарова.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1