Мајка и татко го паркирале својот автомобил на пристаништето во Хвар и влегле во туристичка агенција. Во автомобилот останале две девојчиња на возраст од 5 и 7 години.
– Нјаверојатно родителите на ја повлекле рачната сопирачка. Воглавно, автомобилот тргнал самиот кон морето. Постарото девојче успеало да ја отвори вратата и да скокне од автомобилот, но помалото останало внатре. Видов дека постарата малку ја повреди ногата, но не беше страшно. За жал, „маздата“ падна во морето, изјави една жителка на Хвар.
Мештаните не чекале. Веднаш притрчале, а некои од нив скокнале од пристаништето во морето за да го извадат другото девојче од автомобилот.