Ги откриваше позициите на полицијата во Диво Насеље – ветеран на ОНА назначен за советник во Владата


Беким Алиу од Куманово – кој за време на нападот во Диво Насеље (2015) на терористите преку фејсбук им ги откриваше позициите на полицијата а во исто време и ветеран терорист на ОНА од војната во 2001 – бил поставен на советничка позиција во владата, пишува Република.мк

На социјалните мрежи поставил фотографии на кои е костумосан, а во описот каде работи навел Советник во Влада на РМ и тоа од октомври 2017 година.

Од република побарале информација од Владата на РМ, дали лицето Беким Алиу е вработено или ангажирано како советник во Владата, но оттаму негираат.

Во Кабинетот на ПВРМ нема вработено ниту ангажирано советник со името и презимето кои е го посочувате, одговорија за Република од Владата.

Порталот пишува дека тој бил доста ангажиран во сите досегашни кампањи на СДСМ, меѓу кои и последната, за референдумот. Алиу се фотографирал со речиси сите високи функционери на владејачката партија

Во меѓувреме, Беким Алиу ги освежил личните информации на Фејсбук.

На истиот профил на кој се пофали дека е Советник во Владата и се прикажува костумосан како позира пред, но и во зградата на Владата.

Биким Алиу на 9 мај 2015 година, кога загинаа 8 припадници на македонските полициски сили, ги откриваше позициите на полицијата во Диво Насеље. По објавата на Алиу следуваше крвава битка во кумановската населба, а осум полицајци го изгубија животот.

Сега моментално се собрани кај „Голд хипермаркет“, околу 50 луѓе од специјалната единица… – напиша на 9 мај 2015 Алиу на Фејсбук, по што започна нападот на терористите врз полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1