Детали за убиството во Австрија: Македонец ја убил сопругата пред очите на своите деца


36-годишен државјанин на Македонија ја убил својата сопруга на паркинг во австрискиот град Тулн. Според информациите на австриските медиуми осомничениот е 36 годишен маж кој ја пречекал својата сопруга (31) на паркинг пред супермаркет во градот Тулн и ја нападнал со нож.

Македонецот си ја уби сопругата во Австрија пред очите на многу минувачи. Локалните медиуми пишуваат дека ја убил со нож сопругата кога и задал повеќе убоди во вратот.

Сопружниците потекнуваат од скопското село Ласкарци, кај Сарај.

Таа искрварила до смрт на паркинг пред супермаркет, а се создала голема паника.

За настанот да биде уште потрагичен, децата на брачниот пар кои имаат 6 и 10 години го виделе злосторството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1