Американецот што беше во Париз неколку часа пред нападот од 13-ти ноември во Париз, како и во Бостон за време на нападите во 2013-тата беше повреден во терористичките акции во Брисел.
Тој е еден од деветмината Американци кои што беа повредени во нападите на аеродромот и метрото во Брисел, што се случија вчера.
Како што пренесуваат американските медиуми, Елдер Велс бил оддалечен на само еден блок од улицата во Бостон каде што се случи нападот од 2013-тата година, а го посетил и Париз неколку часа пред нападите од ноември минатата година.
Американските власти потврдија дека четворица мажи од Јута се повредени во нападите, а тројца од нив се наоѓаат во болница. Меѓу повредените Американци е и офицерот на американските воздушни сили и неговата сопруга. Повредени се и четири деца од САД.
Белгиската министерка за здравство Меги де Блок потврди дека во нападите се убиени 31 лице и дека се повредени повеќе од 250.