Ги преживеа нападите во Бостон и Париз, го повредија во Брисел


Американецот што беше во Париз неколку часа пред нападот од 13-ти ноември во Париз, како и во Бостон за време на нападите во 2013-тата беше повреден во терористичките акции во Брисел.

Тој е еден од деветмината Американци кои што беа повредени во нападите на аеродромот и метрото во Брисел, што се случија вчера.preziveal-napad

Како што пренесуваат американските медиуми, Елдер Велс бил оддалечен на само еден блок од улицата во Бостон каде што се случи нападот од 2013-тата година, а го посетил и Париз неколку часа пред нападите од ноември минатата година.

Американските власти потврдија дека четворица мажи од Јута се повредени во нападите, а тројца од нив се наоѓаат во болница. Меѓу повредените Американци е и офицерот на американските воздушни сили и неговата сопруга. Повредени се и четири деца од САД.

Белгиската министерка за здравство Меги де Блок потврди дека во нападите се убиени 31 лице и дека се повредени повеќе од 250.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1