25 годишна жена се породила во автомобил кај Ада Циганлија. Бремената жена и нејзиниот сопруг оделе кон болница кога таа добила уште посилни болки и породувањето започнало. Нејзе ја породил нејзиниот сопруг, а од Гинеколошката клиника во Белград велат дека и мајката и бебето се во одлична здравствена состојба.
Екипата на брзата помош пристигнала на местото каде бил паркиран автомобилот, но веќе бебето било родено и било во рацете на таткото.
Лекарите што дошле на самото место велат дека таткото бил толку возбуден што не забележал ни кој пол е новороденчето, а и папчната врвца не му била пресечена.
,, Некаде кај ада циганлија женами почна да вика ќе се породам, ќе се породам. застанавме и почнав да ја пораѓам. се зсгрижив кога видов дека прво излегуваат нозете но не испаничив, ја притискав полека за стомакот ја терав да турка и го извлекував бебето, се заврши за две минути,, вели гордиот татко.
Семејството било од Обреновац, а ова им е втора ќерка. Бебенцето родена на ада циганлија ќе се вика Јелена, јавува “Блиц”.