Гласачите – туристи од дијаспората слетаа во Македонија


На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ утрово слетаа два чартер авиони од Цирих во 8.57часот и од Базел во 10.15 часот.
avion3Авионите беа со гласачи од дијаспората кои пристигнаа за да гласат на вториот круг од локалните избори.
Како што јавува „Охрид прес“, Македонците од Струга кои живеат во Швајцарија преку социјалните мрежи се организираа да дојдат во родниот град за да можат да го дадат својот глас на вториот круг од локалните избори. Македонската заедница во Швајцарија за сите заинтересирани организираше бесплатен превоз од Женева, Швајцарија до Република Македонија.
Вонредни чертер линии има и на аеродромот во Скопје.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1