Главата на принцот Хари уценета на 30,000 евра


По информацијата дека принцот Хари убил талибански водач во Авганистан во една битка, британските војни официјални лица оценија дека ќе постојат повеќе од оние кои ја сакаат главата на принцот Хари.


princ-hari-taliban-pretnja-ucena-rojters-1356356809-245009Авганистанските војни лидери веќе ја уцениле главата на принцот Хари на 30,000 евра, а од неделата вечерта, британски војни експерти се плашат дека обидите за убиство на принцот сега драстично ќе се зголемат.
Според неофицијални информации, принцот Хари во саботата убил командир на талибанците во мисијата Апач Он и неговите колеги изјавија дека хеликоптерските проектили го елиминирале терористичкиот водач по извршените воени дејствоја во провинцијата Хелманд.
„Проблемот сега е зголемен и за сите оние кои што се во првата линија со Хари“, изјавил воен експерт.
„Принцот Хари е дел од тимот и не може да ја сноси само тој вината“, порачаа неговите воени соработници. Нападите на камповите на силите на безбедноста, меѓу кои има и британски, е зголемена откако е објавена информацијата откако принцот Хари пристигнал во мисијата.
„Ќе ги искористиме сите сили да го фатиме или да го киднапираме. Ги информиравме сите команданти во Хелманд да направат што било за да го елиминираме“, изјавиле талибанските лидери.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1