Пакистан го призна Косово


Признавањето на независноста на Косово од Пакистан, за кое деновиве јавија косовските медиуми, и официјално денеска е потврдено од Mинистертвото за надворешни работи на оваа азиска земја, јави порталот Албеу.

Kosovo-14073-Владата на Пакистан донесе одлука да ја признае Република Косово. Одлуката е донесена во согласност со аспирациите на народот на Косово, стои во соопштението објавено на веб страницата на Министертвото за надворшени работи на Пакистан.

Според соопштението, владата на Пакистан, исто така, одлучила да го акредирира својот амбасадор во Турција, како амбасадор во Косово.

Пакистан стана 98 држава која го признава Косово, по прогласувањето на независноста во февруари 2008 година

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1