Повредени полицајци и неколкумина приведени во инцидентите пред Собранието


Неколку инциденти, единаесет повредени полициски службеници и неколкумина приведени лица е исходот од денешните случувања пред Собранието на Република Македонија.


sdsm-napad-500Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека во текот на денот се регистрирани повеќе инциденти и приведени неколкумина поради сомнение за напад и попречување на службени лица, како и за непристојно и дрско однесување.
На повреди досега се пожалиле 11 полицајци при пробивање на кордот поставен од полицијата пред Собранието, а заради спречување на толпата насилно да влезе во законодавниот дом употребени се и средства на присилба со што таа е одвратена од намерата.
Од МВР најавуваат дека во текот на наредните денови ќе бидат прегледани снимките и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Оттаму истакнуваат дека собраниското обезбедување презело мерки и активности согласно законските овластувања, но оти дел од нив биле попречени во извршувањето на службените задолжувања.
– При постапувањето, дел од членовите на собраниското обезбедување се пожалија дека не само што биле попречувани во извршувањето на службените задолженија, туку и биле предмет на вербален и физички напад од страна на некои пратеници. Освен заканите и навредите кои им биле упатувани, вработените во обезбедувањето биле влечени за коса, туркани и гребени. Сепак собраниското обезбедување успеа воздржано да реагира и почитувајќи ги професионалните стандарди, да воведе ред во собраниска сала, се наведува во соопштението.
Полицијата најави дополнително обезбедување на материјалите од собранискиот безбедносен-видео надзор и врз основа на нив донесување на одлука околу натамошното постапување.
– Министерството за внатрешни работи продолжува да презема мерки за обезбедување на институциите и јавниот ред и мир, како и за соодветно процесуирање на сите инволвирани во инцидентите, се вели на крајот од соопштението на МВР.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1