Главниот уредник на „Нова Македонија“ добил отказ


Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Нова Македонија“, Зоран Димитровски вчера добил отказ, објави порталот Нетпрес.

zoranDКако што објави порталот, Димитровски бил повикан од сопственикот на весникот Минчо Јорданов на разговор при кој му било врачено отказното решение.

Порталот Нова тв, пак, објави дека денеска Димитровски не дошол на работа, а преку СМС порака им одговорил кусо „Согласно изјавата на Дуња Мијатовиќ се спроведуваат законите од медиумската област“.
Плусинфо пишува дека во 14.30 часот е закажан состанок со директорот на весникот на кој ќе се соопшти името на новиот уредник.

Димитровски е долгогодишен новинар и уредник во повеќе медиуми меѓу кои „Вечер“, „Фокус“, „Дневник“.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1