Катар вложи огромни финансиски средства во подготовките и организацијата на Светското првенство, но повеќе од очигледно е дека потфрли во обидот да привлече публика во арените.
Веќе неколку денови, трите сали се речи си целосно празни. Така, во салата Лусаил, со капацитет од 15 илјади гледачи, просечната посета е околу 3 илјади, додека најмала посетеност има во салата Духаил – просечно илјада, иако капацитетот е 5 500.
-Катарците практикуваа на ракометните натпревари да плаќаат работници од Бангладеш, кои таму ги има многу, со цел да ги наполнат трибините, а за два часа гледање би добиле сендвич, сок и 10 долари, откри Ненад Кљаиќ кој како тренер неколку години работи во Катар.
Интересна е и изјавата на еден шпански навивач, Хозе Манолас, кој на првенството претстојува на сметка на домаќинот:
-Не верував кога добив покана три недели бесплатно да престојувам во Доха и да навивам за својата репрезентација. Платени ни се хотелот, патните трошоци, храна, па добивме дури и бесплатни влезници.
Курир.мк