Гледајте во живо: Вечерва најспектакуларниот метеорски дожд


Вечерва на 13 Декември, односно 14 Декември по полноќ, небото ќе биде осветлено од метеoрскиoт дожд Геминид. 

perseid-meteor-shower-2Геминид е познат како најдолг метеорски дожд во годината, со 120 метеори во еден час, кој може да се гледа речиси од секоја точка на Земјата.

Метеорскиот дожд Геминид се гледа од Земјата кога нашата планета минува низ вселенски остатоци, камења и парчиња мраз, од згаснатата комета наречена 3200 Phaethon. Овој дожд од метеори се случува секоја година во средината на декември.

Метеорите летаат низ нашата атмосфера доаѓајќи од соѕвездието Гемини, од каде што и го имаат добиено името. Геминидa е познатa како најдолг метеорски дожд во годината со 120 метеори на час.

НАСА  ќе го пренесува во живо овогодинешниот метеорски дожд Геминид, а  камерите ќе бидат поставени во центарот на НАСА во Хантсвил.

Ова е линкот каде може во живо да го следите метеорскиот дожд:

http://events.slooh.com/stadium/geminid-meteor-shower

Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1