Во живо може да го следите вечерва метеорскито дожд и минувањето на кометата ИСОН благодарение на вселенската камера “Slooh”
Емитувањето на метеорскиот дожд е започне вечерва околу 01 часот по полноќ, и ќе трае 45 минути, а кометата Исон заинтересираните ќе можат да ја погледнат утринава во 06 часот.
Метеорскиот дожд Леониди доаѓа секоја година од 14 до 20 ноември, а за нивното просејување е заслужна кометата Темпел Тутл.
Максималната активност на Леонидите е обично околу 17 ноември.
Замрзнатата комета Темпел Тутл кружи околу Сонцето и пополека се топи. Доаѓа до Сончевиот систем секој 33 години, а нејзиното бавно дезинтегрирање остава трага на честици од милиони километри широк и стоти милиони долг појас.