Глумицата Селма Хајек ја откри тајната за одличниот изглед! Нити станува збор за козметички третмани, нити прескапи креми туку во нешто сосема достапно и евтино, но и по малку нехигиенски.
Свежината на кожата на лицето 46-годишната глумица го должела на небичната навика – никогаш да не се мие по будењето.
„Мој совет е да го исчистите добро лицето навечер. Не морате да се миете, но морате добро да го исчистите. И уште ќе ви откријам дека не се мијам наутро – никогаш! Во тек на ноќта кожата на лицето се обновува, се регенерираат маснотиите кои се потребни кожата да биде млада,, изјавила глумицата.