Глуварчето (Taraxacum) спаѓа во родот на билки и е од фамилијата Asteraceae. Тоа е повеќегодишна билка со жолти цветови, успешно расте на секое земјиште, но најмногу му одговараат ливадите и тревниците, пустите места и напуштените ниви. Расте и покрај патиштата и околу населените места.
Глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите. Глуварчето е природен лек и за многу заболувања.Глуварчето се користи и при проблеми со бубрезите, црниот дроб, жолчката, дигестивниот систем, ефикасен е за прочистување на организмот и за подобрување на метаболизмот.
Коренот на глуварчето е поефикасен од хемотерапијата – таа ги уништува сите клетки, додека глуварчето ги убива само канцерогените. По серија на истражувања на канадски научници покажа дека коренот од глуварче ги уништува клетките на ракот, без да нанесува никакви штети на здравите.
Уште древните народи знаеле дека глуварчето има лековити својства, а дека сокот исцеден од младото глуварче го подобрува нарушеното здравје.
Глуварчето е познато по својата лековитост. Но, тоа е и многу хранлива билка богата со витамини А, Б, Ц, со минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и со органски киселини. Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места.
Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него може да се прави чај, сируп или вино.
Коренот од глуварчето има сложен хемиски состав. Млечниот сок од глуварчето содржи: хетерозиди, јагленохидрати, минерали, и други корисни состојки, па често се користи за лекување на камен во жолчната кеса, камен во бубрегот, за атеросклероза и многу други заболувања.
Како да ги подговтите рецептите за лечење на следните состојби – прочитајте на овој линк – BABINLEK.COM
Глуварче за чистење и јакнење на организмот
Глуварче како природен лек за атеросклероза и камен во бубрегот
Глуварчето за подобар апетит и подобро варење на храната
Глуварчето како природен лек за црниот дроб и жолчната кеса
Глуварчето како сировина за добивање на лекови
Глуварчето како додаток на јадењата
За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот.