Го фатија: Убил и дете – Ова е Албанецот кој ги уби туристите, им пукал во глава (Фото)


Сокол Фран Мајцај (25) им пукал в глава со „Калашников“. Осомничениот Сокол Фран Мјацај (25) е упасен утринава откако по него трагаа 350 полицајци.albanec

Монструмот кој ги уби чешките туристи, убил и деле од 12 години, пред пет години, му го украл ланчето од вратот, му го исекол телото и го фрлил во бунар. Осуден е на десет години затвор, како малолетник, но Апелациониот суд му ја преполовил казната. Откако бил пуштен од затвор по четири години издржување казна ги уби чешките туристи. не покажувал знаци на каење.

Монструмот бил уапсен во домот кој го опколиле снајперисти. Пред да се предаде на полицијата, Мјацај барал од нив гаранции дека нема да го убијат, и нема да го тепаат. Според тврдењата на полицијата Мјацај е убиец на чешките туристи Михаил Сватос (27) и Ана Косинова (36) кои беа пронајдени мртви во својот автомобил во петокот во Прекала, во регионот Дукаѓин, кај Скадар, на околу 150 километри северно од главниот град Тирана.

Мјацај признал дека влегол во возилото на двајцата чешки туристи и им се заканувал со автоматска пушка. Тој на полицијата и рекол дека по кусото возење и караницата, ги убил двајцата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1