Го губиме ли Слатинското Езеро – Нивото на водата од 9 на само еден метар (Фото)


Нивото на водата во акумулацијата Слатино е спуштено од 9 на само еден метар со што се доведуав во прашање опстанокот на флората и фауната во езерото.

slatinskoezerojuni1– Денес е ден на (не) екологија, а фотографиите ја покажуваат нашата грижа кон природните ресурси. Водата на Слатинско езеро се намали од 9 метри на само 1 метар. Флората е уништена, а за фауната каде припаѓаат и рибите, има време сама два до три дена да се спаси. Апелите на рибарите и концесионерот не допреа до вистинското место за да се изврши санација на пукнатината на браната. Се надеваме дека

Надлежните Министерства ќе ги усогласат своите ставови и во иднина, а сега на штета на Слатинско езеро, ќе се знае кој е надлежен за браната, кој за водата и сл., вели Радован Димитриевски од Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар” од Охрид, кој додава дека скоро е сигурно дека риболов на Акумулација Слатино оваа година ќе нема.

slatinskoezerojuni2Слатинското Езеро е вештачка акумулација, која е изградена во 1963 година. Се наоѓа во општина Дебрца, во близина на селото Слатино на 35 км северно од Охрид. Името го добило според селото Слатино. Се напојува со вода од Мраморечка Река и е со вкупна зафатнина од 1.400.000 м3 и висина на браната од 15,5 м. Водите од ова езеро се користат за наводнување на земјоделските површини во Слатинско, Издеглавско и Оздоленско поле, со вкупно 420 ха, но и за спортски риболов и туризам.

Супер радио/ohrid press

фото: Радован Димитриевски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1