Силни реакции во Грција и во пошироката јавност предизвика фотографијата на која се гледа Павлос Фисас, раперот кој беше убиен од неонацист како умира на рацете на својата девојка.
-Тоа беше неонацистот Рупакиас, кој што го прободе. Потоа ја видов неговата девојка која се бореше со рацете да ги затвори неговите рани, од крвта која течеше, раскажува очевидец, кој за весникот Прото Тема го опишува шокантниот момент.
Раперот бил прободен на улица а неговата девојка се обидувала да го спаси – токму затоа оваа трогателна фотографија предизвика лавина од коментари и осуди.