Го изгубил во 1994 кога одел кон работа: Татко и син се сретнаа по 24 години


Татко од Кина го изгубил својот син на фреквентна улица во градот Шиан во 1994 година, а сега конечно го пронашол по 24 години, пишува Дејли Мејл. Солзи радосници ја одбележале средбата на таткото Ли Шунји со своето изгубено дете. Тогаш тригодишниот Ли Леи денес има 27 години.

Детето и таткото се разделиле на 8-ми август 1994 година, а во петокот потрагата била завршена по успешна идентификација со помош на ДНК анализа.

– Излегов од дома за да продавам предмети на мојот штанд. Не сфатив дека син ми ме следи, а дознав дури кога сопругата дојде до моето работно место. Нозете веднаш ми откажаа, се присетил Ли низ солзи (59).

Изгубеното дете го пронашол пар, а откако тие не успеале да го пронајдат неговото семејство, го земале со себе и за среќа го одгледале како нивно дете.

– Комуникациските технологии тогаш не нѝ овозможуваа да побараме помош, изјавил Ли.

Таткото одлучил да го продаде својот штанд и да патува низ целата земја во потрага по синот. Тој испечатил 180 илјади известувања за исчезнати личности и ги носел во ќеси низ цела Кина, до секоја покраина. За три месеци изгубил 27 килограми.

– Постојано си велев дека не смеам да се откажам. Морав повторно да го видам својот син, изјавил Шунји.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1