„Го изгубив синот Бојан за три минути“


Несреќниот татко на дваесет и осумгодишниот Бојан Јокисмовиќ, кој пред три дена загина заедно со новосадскиот бизнисмен Томислав Ѓорѓевиќ во авионска несреќа, не може да поверува во судбината која го снашла.

– Не можам да верувам што ме снајде, го изгубив синот за само три минути, рекол тој.nesreka

Таткото дошол на аeродромот во Бачки Јарак заедно со двајца роднини. Без глас гледал во кобното место каде во саботата во 13 часот падна авионот по повод отварањето на новиот спортски аеродорм.

– Бојан не дека е мој син, но беше најдобар во се. На секој родител свое дете му е најдобро, но тој… Ух, многу ми е тешко. Зошто токму тој, ни на мравка не газеше, раскажува низ солзи.

– Томислав и јас бевме долгогодишни пријатели, Бојан не го ни познаваше. Томислав ме повика на отварањето на аеродоромот, но бидејќи јас бев спречен дојде Бојан. Камо среќа воопшто да не дојдеше, јас да бев сега каде што е моето златно дете, вели несреќниот татко.

Тој се прашува како Бојан се нашол да го вози авионот.

– Никогаш не се има возено во таков авион. Зошто седел во авионот засекогаш ќе ми биде нејасно, рекол таткото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1