Монструмот кој ја потресе цела Србија со убиствата на 13-те лица, Љубиша Богдановиќ, ден пред да го изврши масакарот бил бесен на својот син бидејќи се забавувал со девојка, која наводно била проститутка.
Според братот на сопругата на убиецот, Живомир Старчевиќ, Љубиша најпрвин од зел пиштол, па потоа ја скршил вратата од другата куќа каде спиел неговиот син Бранко и пукал во него.
Додека Љубиша ја разбивал врата, Бранко го чул и станал од креветот, но татко му го погодил со куршум во челото, пренесува „alo.rs“.
По свирепото убиство на синот, продолжил да ги убива и останатите, непоштедувајќи ги и најмладите, па го убил и 2-годишниот Давид Деспотовиќ.