После месеци шпекулирање, една од најпознатите блогерки на светот која се занимава со здравје, Бел Гипсон, која тврдеше дека излечила рак на мозокот кој наводно го имала, благодарение на нејзиниот посебен режим на исхрана – призна дека сето тоа било лага.
Оваа 23-годишна девојка стана светски позната после тврдењето дека излечила канцер во терминална фаза, а ја следеле милиони луѓе. Таа издала и книга и мобилна апликација со име “The Whole Pantry”, на која препорачувала рецепти и совети за исхрана.
Само апикацијата била „симната“ од интернет 300.000 пати, а книгата требало да биде издадена во САД и Велика Британија идниот месец.
Медиумите многу пишуваа за Гибсон, иако нејзините тврдења за излекување на ракот никогаш не беа официјално верифицирани. А сега, призна дека никогаш немала рак.
Во интервјуто за еден женски весник во Австралија таа рекла: „Ништо од тоа не е вистина. Не барам прошка. Мислам дека е одговорно ова што сега го кажувам. Од луѓето не очекувам ништо повеќе, отколку да речат ’Ок и таа е човек’“.
Сомнежите за тврдењето на Гибсон се појавија минатиот месец кога тврдеше дека имала погрешни дијагнози на различни болести, но дека и покрај тие дијагнози имала канцер на мозокот. Но, истиот месец се откри дека не се вистинити ниту тврдењата дека преку нејзината книга отишле илјадници долари во хуманитарни организации.
Во меѓувреме, Гибсон ги избришала тврдењата дека го излечила ракот од социјалнтие мрежи. Инаку, продажбата на книгата со рецепти “The Whole Pantry” е стопирана, а Apple ја отстраниле нејзината апликација од нивниот онлајн маркет.
Точка.ком.мк