Најсилниот човек во светот е Македонец!


Дневниот весник “Време” во 1937 година го опишал “симнувањето од тронот” на Стив Томашовиќ “Црни” кој не успеал да ја пренесе челичната каса која допловила до Белград и која тежела неверојатни 450 килограми. Црни дотогаш важел за најсилниот меѓу најсилните, т.е за најсилниот маж кој некогаш ја работел оваа работа сите знаеле дека тој е вистинскиот човек за пренесување.

Меѓутоа, џинот од Омиш попуштил и го изјавил она кое никој не го очекувал “Не можам”.dp-2

Анте Матекало, новинарот кој меѓу војните бил најдобриот репортет внимателно го следел епилогот на приказната и новиот јунак кој требало да го совлада тешкиот товар го барал меѓу 50те Тетовчаните кои тогаш биле на пристаништето.

-Шпедитерите им велеа на работниците дека не се луѓе, туку животни при тоа обидувајќи се да го најдат јунакот кој може да го симне од тронот силниот Стив. Еден од присутните, тетовчанецот Бајрам Узерировиќ рече дека ќе се обиде. Се доближи до челичната каса додека останатите му велеа дека тоа ќе му биде гробницата. Но, сепак и покрај песимизмот кај публиката, тој успеа да ги пренесе 450те килограми, пишувал Матекало, при тоа додавајќи дека и без ронка двоумење Стив го признал поразот.

-Со денови седеше во кафеаната во близина и лудачки се опиваше. На пристаништето веќе кружеа муабети дека младиот дечко од Тетово го замени Црни, пишал Анте.

Оние кои ги вработувале носачите на товар на пристаништата на јавноста и се познати како “сурови господари на душата и телото на носачите”.

-Тие беа сместени на левата страна на Земунскиот мост (на левиот брег на Сава) а оние кои ги ангажираат, односно работодавачите со нив се однесуваа како со робови. Тие владеа со нивнито тело и душа, пишува Матекало.

Младиот дечко од Тетово, Бајрам тогаш имал 27 години. Својата сила ја стекнал во селото Теново близу Тетово, кај извесниот Ислаил. Од 1928 година српските пеливани признале дека тој заслужува пеливанско име.

-Бајрам никогаш не беше победен. Не дозволуваше да го совладаат ниту на југ, ниту овде, ниту пак на Сава. Работеше од утро до мрак, без мака. Како од шала креваше по 380 килограми, а успеваше да се избори и со товар од 400 килограми, изјавил новинарот при тоа не објаснувајќи како Македонецот успевал во сето тоа со оглед на тоа дека денешниот светски рекорд во кревање тегови е значително помал.

Ваквата тешка работа барем за некое време ги смести нашиот Бајрам и хрватот Црни во легендите…и тоа како најсилните Балканци.

Извор: Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1