Поправале улица, нашле совршено сочувани 43 јајца од диносаурус (Видео)


Градежните работници од Хејуан во Кина, пронашле дури 43 фосилизирани јајца од диносаурус во текот на поправката на оштетен пат. Градот познат како „дом на диносауруси“ со тоа ја зголеми својата богата збирка од околу 17 илјади јајца кои се чуваат во музеите

Фосилизираните јајца се во прилично добра состојба, а 19 од нив се целосно неоштетени. Најголемите се со дијаметар од 12 сантиметри. jajca dinosaurus
Експертите допрва треба да утврдат на кој вид диносаурус припаѓаат јајцата. Овој град е запишан во Гинисовата книга на рекорди како место каде што се чува најголемата збирка јајца од диносауруси на светот, но сега по прв пат вакво откритие се случува на улица.

Првите јајца ги пронајдоа група деца во 1996 година, додека си играле на игралиште. Мнозинството јајца што се чуваат во градските музеи им припаѓа на овирапторите- вид диносауруси сештојади, кои живееле на територија на Азија пред повеќе од 80 милиони години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1