Жерновски: На 26-ти април излезете на референдум за ГТЦ на вашите гласачки места


Градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски неговите соработници и директорот на ЈП Паркинзи Саша Богдановиќ имаа средба со жителите на зградите зад Автомакедонија и Зелено пазарче. Жерновски ги повика центарци во недела да излезат на референдумот за ГТЦ бидејќи рече ова ќе биде порака за сите власти дека треба да работат за интересот на граѓаните и дека два пати треба да размислат пред да донесат некоја одлука.zernovski

„Деновиве таканаречени архитекти одат од врата до врата во Центар и агитираат дека референдумот нема да се одржи. Референдумот не само што не е откажан, туку и ќе успее. Да Ве информирам и дека се гласа од 07:00 – 19:00 часот на истите гласачки места, како што се гласа на парламентарни, локални и претседателски избори“, рече Жерновски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1